Ерупцијата на Тонга ослободи експлозивна сила еднаква на дури до 30 милиони тони динамит, што е стотици пати повеќе од атомската бомба на Хирошима, вели НАСА. За споредба, се проценува дека американската атомска бомба фрлена врз Хирошима во август 1945 година е еднаква на околу 15 килотони динамит. Вулканот на планината Сент Хеленс во 1980 година експлодира со 24 мегатони, а Кракатау во 1883 година со 200 мегатони енергија.
Пред ерупцијата, вулканскиот остров Хунга Тонга-Хунга Хаапаи претставуваше два посебни острови, кои се споија во 2015 година. НАСА вели дека ерупцијата била толку моќна што исчезна целото ново копно што беше создадено меѓу островите, како и големи делови од нив. На Тонга, повеќе од четири петтини од населението било погодено од цунамито и паѓањето пепел. Потврдено е дека три лица загинале во цунамито.