Војската на Тајван издаде соопштение во кое се вели дека нивните сили се во состојба на готовност и внимателно ги следат кинеските вежби, јавуваат светските агенции. Тајван откажа голем број летови бидејќи Кина спроведува воени вежби во близината на островот.
Најмалку 40 лета до и од Тајван се откажани, објави „Чајна тајмс“, цитирајќи го аеродромот во Тајпеј, од каде што изјавиле дека откажувањата на летовите не се нужно поврзани со вежбите.
„Министерството за национална одбрана нагласува дека ќе се придржува до принципот на подготовка за војна без да бара војна и со став да не ескалира конфликтот и да предизвикува спорови“, се вели во соопштението.
Соодветно на тоа биле одржани вежби за цивилна одбрана и биле објавени известувања во одредени засолништа во случај на воздушен напад.
Бродови на кинеската морнарица и воени авиони накратко ја преминале централната линија на Тајванскиот Теснец. Околу 10 брода на кинеската морнарица ја преминале централната линија и останале во областа од средата навечер до четвртокот напладне, а повеќе кинески воени авиони накратко ја преминале централната линија во четвртокот наутро, кажал официјален претставник, кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на предметот.
Кина, според написите, лансирала балистички ракети „донгфенг“ во тајванските води, потврдило и нејзиното министерство за одбрана, откако претходно тајванските власти соопштиле дека Кина ги лансирала ракетите во близината на нејзините острови Мацу.
Кинеското министерство за одбрана соопштило дека неколку балистички ракети „донгфенг“ се лансирани во водите околу нејзиниот североисток и југозапад.