Фото: Министерство за одбрана на Украина

Во Украина почнаа да пристигнуваат пратки од најновиот пакет на американската воена помош, јави утрово Си-ен-ен, повикувајќи се на неименуван претставник на Белата куќа.

Претходно оваа недела, американскиот претседател Џо Бајден одобри дополнителни 800 милиони долари воена помош за Украина.

Бајден рече дека во поддршката за Украина ќе биде вклучено ново оружје за борба против очекуваниот „поширок напад“ на Русија на исток.