Најмалку 31 лице загинаа во Нигерија во стампедо пред црква за време на дистрибуција на храна, соопшти полицијата.

Тоа се случи на југот на Нигерија, во градот Порт Харкорт, каде црква организираше дистрибуција на храна.

Во изминатите години, во Нигерија имаше неколку смртни случаи при дистрибуција на храна. Во 2021 година, во таква прилика, до смрт беа прегазени седум жени