фото: Илустрација

Ракетен напад во Киев уништи студентски дом и две станбени згради, пренесуваат украинските гласила.

Си-ен-ен пишува дека три единици за брза помош се на пат да му пружат помош на студентскиот дом кој беше погоден во Била Церква.

Претходно денеска во ракетен напад врз Василков, Била Церква и Калиновка во Киевската област беа уништени и две станбени згради кои исто така имаа пет ката, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.