Фото : МИА
Градоначалникот на украинскиот град Лавов Андриј Садовиј денеска изјави дека во градот повеќе нема место за раселени лица, кои бегаат од рускиот напад, бидејќи сите капацитети се пополнети.
– Разбирам дека ќе има нов бран раселени и ги повикувам меѓународните хуманитарни организации да дојдат овде и помогнат – изјави Садовиј, посочувајќи дека неколку стотина илјади луѓе поминале низ Лавов во потрага по безбедно место.
Околу 200 илјади внатрешно раселени лица веќе се во Лавов, а 50 илјади дневно минуваат низ железничката станица во градот.