Фото: Принт-скрин

Сведоштво за масакрот во Бафало

Осумнаесетгодишен белец отвори оган во супермаркет, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население во Бафало, во американската сојузна држава Њујорк, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца. Единаесет од жртвите се Афроамериканци. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека масакрот во Бафало ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

– Слушнав истрел за кој знаев дека е од огнено оружје, а не петарда. Погледнав и видов чад. Видов како чувар од обезбедувањето трча во продавницата, а потоа го видов и напаѓачот кој влезе потсвиткан, во војнички стил, и само пукаше во луѓето. Го слушнав како вика по луѓето и видов тројца кои лежеа. Немав телефон при себе, па врескав некој да повика полиција. Напаѓачот потоа излезе и го прислони пиштолот кон брадата, потоа го испушти оружјето, го симна панцирот и легна на земја, по што го уапсија. Уште не верувам дека ова се случи – вели сведок на пукањето, чија тетка била во маркетот, додавајќи дека слушнал околу 20 истрели.

По предавањето на полицијата, напаѓачот е во притвор. Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, го објавија идентитетот на осомничениот за нападот, кој потекнува од Конклин, мал град во сојузната држава Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало. Тој до супермаркетот возел со часови, според полицијата. Напаѓачот го емитувал злостроството директно на стриминг-сервисот „Твич“.

Како што пренесуваат американските медиуми, тој убил четири лица на паркингот, а потоа се судрил со чувар од обезбедувањето на супермаркет, кој во размена на оган го погодил со куршум, но напаѓачот бил заштитен со панцир. Чуварот подоцна бил смртно застрелан. Останатите жртви напаѓачот ги убил во супермаркетот.