Фото: Принтскрин/Архива

Руските сили држат во заробеништво околу 700 украински војници, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.

– Што се однесува до армијата, ние, во принцип, имаме приближен паритет: имаме повеќе од 700 нивни затвореници, а тие имаат приближно ист број – рече Верешчук.

Таа додаде дека „руските војници зеле повеќе од 1.000 цивили, од кои половината биле жени“.

– За жал, има многу наши цивили во заробеништво. Тие заробија повеќе од 1.000 луѓе и, за жал, околу 500 од нив се жени. А ние, очигледно, постојано ќе повторуваме дека нема да менуваме војници за цивили, тоа е забрането со Женевските конвенции. Ние нема да го прекршиме меѓународното хуманитарно право и затоа бараме ослободување на цивилите без никакви услови и префрлање на украинска страна – рече Верешчук.