фото: Пиксалс

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас денеска изјави дека Лондон ќе продолжи да воведува нови санкции кон Москва сè додека Русија целосно не се повлече од Украина.

– Ќе продолжиме да воведуваме санкции, ќе продолжиме да го запираме увозот на стоки од Русија, додека не видиме дека Русија целосно се повлекува од Украина – истакна Трас пред британските пратеници.

Таа најави и дека Велика Британија ќе продолжи да испраќа оружје во Украина.

– Одлучивме да обезбедиме повеќе оружје, да воведеме повеќе санкции и да ја поддржиме Украина да ја истисне Русија од нејзината територија – посочи Трас.