Фото: Пиксабеј

Светската здравствена организација (СЗО) не верува дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка ќе прераснево пандемија, изјави денеска официјален претставник, додавајќи дека сè уште не е јасно дали асимптоматските заразени луѓе можат да ја шират болеста.

Без паника, не е веројатна пандемија на мајмунски сипаници, а вакцината делува и кај заразени, вели проф. Даниловски

Во мај се откриени повеќе од 300 потврдени или сомнителни случаи на мајмунски сипаници. Тоа е обично поблага болест која се шири со близок контакт и предизвикува симптоми слични на треска и карактеристичен осип.
Повеќето случаи се пријавени во Европа, наместо во Централна и Западна Африка каде што вирусот е ендемичен.

Каков е вирусот на мајмунски сипаници што се појави во неколку земји во Европа

Засега нема потврдени смртни случаи.