Фото: Пиксабеј

Унгарија нема да поддржи никакви санкции за руската нафта и гас, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто, повторувајќи го ставот на унгарската влада по тоа прашање.

– Испораките на руски гас во Унгарија пристигнуваат без никакви прекини – изјави Сијарто на брифинг со новинарите во видеообраќање на неговиот фејсбук-профил, по разговорот што го имаше со неговиот турски колега во Анкара, пренесе „Ројтерс“.