Организацијата на ОН за образование, култура и наука (УНЕСКО) со седиште во Париз алармираше на ризикот од недозволена трговија со украински културни добра.

– Ги повикуваме професионалците и јавноста вклучена во трговијата со културни добра да го заштити културното наследство – нагласи Агенцијата на Твитер.

УНЕСКО претходно соопшти дека најмалку 53 културни објекти се оштетени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Меѓу нив има 29 верски објекти, 16 историски градби, четири музеи и четири споменици, соопшти агенцијата на ОН.

УНЕСКО додава дека податоците се добиени преку сателитски снимки и сведочења на луѓе од лице место.

Организацијата на ОН соопшти дека ова не е конечниот список на оштетени културни објекти во Украина.