Фото: Принт-скрин

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски изјави денеска дека на Украина ѝ требаат години да ги отстрани неексплодираните направи по руската инвазија.

– Кон Украина беа истрелани голем број гранати и мини, а голем дел од нив не експлодираа, останаа под урнатините и претставуваат реална закана. Ќе бидат потребни години, а не месеци за да се деактивираат – истакна Монастирски.

Освен неексплодираните руски направи, украинската војска поставувала и нагазни мини на мостовите, аеродромите и друга клучна инфраструктура за да ги спречи Русите да ги користат.

– Нема да можеме да ги отстраниме тие мини од целата територија, затоа побарав помош од меѓународните партнери и колеги од Европската унија и од САД за да се подготви група експерти кои ќе ги деминираат борбените зони и гранатираните објекти – нагласи украинскиот министер.