Фото : МИА

Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва откако не успеа да ја окупира целата земја – изјави шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.

– Тие се обидуваат да создадат Северна и Јужна Кореја во Украина – рече Буданов.

Тој додаде дека Украина наскоро ќе започне герилски акции на територијата под руска окупација – пренесува Би-Би-Си.

Руската војска во петокот соопшти дека отсега ќе се фокусира на „ослободување“ на источна Украина, велејќи дека ги исполнила првичните цели на „воената операција“ во Украина.

– Борбените способности на украинските сили се значително намалени, што ни овозможува да се фокусираме најмногу на главната цел: ослободување на Донбас – изјави во петокот заменикот-началник на Генералштабот на руската војска Сергеј Рудској.

Тој рече дека 93 отсто од територијата на регионот Луганск и 54 отсто од територијата на регионот Доњецк се под руска контрола.