Фото: Принтскрин

Украинската нуклеарна агенција соопшти дека руски проектили оштетиле дел од нуклеарната централа „Запорожје“ што сега е под руска контрола, но дека нема истекување радијација.

Во соопштение се наведува дека оштетени се еден блок и високонапонскиот далновод во најголемата нуклеарната централа во Европа, лоцирана на југот на Украина, јави „Би-би-си“.

Локалните претставници назначени од Русија, пак, ја обвинија Украина за гранатирањето.

Украина, истовремено, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни области од локацијата.