Фото: Принт-скрин

Генералштабот на украинската армија денеска соопшти дека руските сили почнаа голема офанзива во регионот Донецк, источна Украина.

– Непријателот спроведува офанзивна операција во правец на Бахмут и Авдивка во регионот на Донецк. Целта на притисокот е да се позиционираат руските сили за напад врз Соледар и Бахмут и да ја прошират руската контрола западно од градот Донецк – се наведува во извештајот на ГШ на украинската армија.

Во извештајот на ГШ се наведува дека нападот на руските сили кај Бахмут бил неуспешен и дека борбите продолжуваат на приодите кон Авдивка, северно од градот Донецк.

Соледар и Бахмут се дел од одбранбената линија источно од големите градови Славјанск и Краматорск, каде пред војната живееле повеќе од половина милион луѓе. Тоа е последниот регион, што сè уште е под контрола на украинските сили во поширокиот источен регион Донбас.