Фото: Фејсбук

Министерот за надворешни работи на Украина изјави дека оди на преговори со неговиот руски колега Сергеј Лавров со намера да се бори за „максимални услови кои се во интерес на Украина“.

Дмитриј Кулеба изјави дека на преговорите оди од „позиција на сила“ и дека во согласност со тоа има намера да се бори за „максимални услови кои се во интерес на Украина“.

Сепак, тој не е убеден дека ќе ги добие истите услови.

– Што ќе добиеме на крајот е друго прашање. Сè зависи од тоа со какви директиви ќе преговара Лавров – рече Кулеба.

Наведе и кои се главните цели на Киев, односно што сакаат да постигнат во преговорите.

Трите главни прашања на украинската страна се: прекин на непријателствата, ослободување на Украина и решавање на хуманитарните проблеми.