Фото: Принт-скрин

Турската влада ќе му препорача на судот во Истанбул да го затвори досието и да и го предаде на Саудиска Арабија случајот со убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги, изјави денеска турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Боздаг тоа го изјави еден ден откако обвинителот на судот во Истанбул побара досието да биде затворено и да и се даде на Саудиска Арабија, што било барање на таа држава.

Судискиот совет не донесе одлука, но беше најавено дека ќе побара мислење од Министерството за правда. Судењето е одложено за 7 април.

– Ќе дадеме позитивно мислење за префрлање на овој случај – рече министерот.

Пред судот во Истанбул од 2020 година се води судење во отсуство против 26 саудиски државјани обвинети за убиството на Кашоги.