Малку пред истекот на 2021 година, турските регулаторни власти ги објавија новите цени на електричната енергија и гасот. Така, цената на електричната енергија за домаќинствата во Турција поскапува за 50 проценти. За индустријата, пак, цената расте и до 125 отсто, зависно од видот и големината на капацитетот.

Поскапел и природниот плин – за домаќинствата 25% а за индустријата 50%.

Драстичните поскапувања секогаш удираат по најсиромашните категории, но дополнителен проблем во Турција е што земјата веќе подолго време се бори со инфлација. Само лани, турската лира загуби околу 45% од својата вредност во споредба со американскиот долар.