Фото: Принтскрин

Најмалку 19 луѓе ги загубија животите, а околу 60 се повредени во пожарот што избувна во зграда во областа Бронкс во Њујорк, изјави на местото на настанот новиот градоначалник Ерик Адамс.

-Тоа ќе биде најлошиот пожар во нашата историја. Знаеме дека имаме 19 мртви, неколкумина во критична состојба и повеќе од 63 повредени – изјави Адамс во директен пренос на телевизија.