Претседателот на САД, Доналд Трамп без симптоми на коронавирус е веќе 24 часа, а температура нема четири дена, објави неговиот лекар Шон Конли вечерва.

Краткиот извештај на д-р Шон Конли почнува чудно: „Претседателот утрово рече:’Се чувствувам добро’“.

– Тој нема температура веќе четири дена и нема симптоми повеќе од 24 часа – нагласи докторот.

Конли рече дека најновите анализи направени во понеделникот укажуваат на траги на антитела, кои не биле присутни минатиот четврток кога резултатот на коронавирусот бил позитивен.