Фото: Илустрација

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Русија, Сирија и Иран да не убиваат цивили во сириската провинција Идлиб и рече дека Турција работи напорно за да го спречи масакрот.

– Русија, Сирија и Иран убиваат или се на пат да убијат илјадници невини цивили во провинцијата Идлиб. Не го правете тоа! Турција работи напорно за да го спречи овој масакр – напиша Трамп на својот профил на Твитер.

Сириските и руските сили го засилија бомбардирањето на целите во Идлиб, последното најголемо упориште на бунтовниците во Сирија.

Сирискиот претседател Башар ал Асад вети дека ќе го освои повторно.

Лидерите на Турција, Русија и Иран се согласија во Анкара во септември да ги намалат тензиите во Идлиб по повеќемесечната кампања што принуди најмалку 500.000 цивили да ги напуштат своите домови.