Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека следната недела очекува формална објава дека Коалицијата што се бори против Исламска држава ја контролира цела територија што претходно беше заземена од екстремистичката група.

– Војската на САД, нашите коалициски партнери и Сириските демократски сили буквално ја ослободија цела територија што претходно беше заземена од ИД во Сирија и во Ирак, истакна Трамп на состанокот во Вашингтон на кој присуствуваа претставници на Коалицијата во борба против ИД.

Тој додаде дека таквата информација најверојатно ќе биде соопштена следната недела.

– Ние ќе имаме 100 отсто од калифатот и јас сакам да го почекам официјалното соопштение, наведе Трамп.