Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе објави дали САД ќе се повлечат од договорот меѓу Иран и шесте светски сили, со кој Техеран во 2015 година се обврза дека ќе ја прекине нуклеарната програма во замена за укинување на санкциите.

Трамп објави на Твитер дека ќе ја објави својата одлука во 14 часот по локално време и дека ќе се обрати од Белата куќа.

Претседателот на САД претходно се закани дека САД ќе се повлечат од нуклеарната спогодба, така што, нема да го продолжат важењето на укинатите санкции за Иран, што истекува на 12 мај, освен ако европските држави потписници не ги коригираат „недостатоците” на тој договор.