Билансот на загинати од силниот тајфун Лекима, кој ја погоди источна Кина се искачи на 28 лица, додека 20 се сметаат за исчезнати.

Обилните дождови, исто така, предизвикаа лизгање на земјиштето, а повеќе од милион луѓе се евакуирани, пренесуваат светските агенции.

Тајфунот Лекима, кој ја погоди источната провинција Џејијанг, со налети на ветрот до 187 километри на час, предизвика нарушувања во сообраќајот бидејќи илјадници летови и железничките линии беа откажани.

Како резултат на тајфунот, уништени се 173.000 хектари посеви и 34.000 домаќинства во Џејијанг, соопштија локалните власти.