Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Белата куќа утре напладне ќе го објави долгоочекуваниот мировен план за Блискиот Исток, пренесува „Ројтерс“.

Трамп ова го изјави пред новинарите за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа.

Американскиот претседател рече дека на палестинците би требало да им се допадне планот и смета дека е добар за нив.

Трамп треба да се сретне и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бело, Бени Ганц.

Белата куќа се надева дека доколку планот биде поддржан и од Нетанјаху и од Ганц, Трамп ќе помогне да се постигне одреден напредок.

Како што се наведува, планот на Трамп е резултат на тригодишните напори на високите советници Џааред Кушнер и Ави Берковиз, како и Џејсон Гринблат.

Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има за цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот исток.