Фото: Принт-скрин

Светските лидери и политичката елита од Вашингтон денеска се простија од Медлин Олбрајт, првата жена шефица на американскиот Стејт департмент.

Собраните, од кои имаше околу 1.400 на комеморацијата во Националната катедрала во Вашингтон, ги предводеа американскиот претседател Џозеф Бајден и неговите претходници Барак Обама и Бил Клинтон, јави „Гласот на Америка“.

– Со нејзината добрина и благодат, нејзината хуманост и нејзиниот интелект, таа го пренасочи бранот на историјата – рече Бајден за време на погребната церемонија.

Смртта на жената што веруваше во американската моќ предизвика измешани емоции на Балканот

Присутни беа и трите ќерки на Медлин Олбрајт, додека поранешната државна секретарка Кондолиза Рајс читаше делови од Библијата.

На погребот присуствуваа и претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти.

Олбрајт почина на 23 март на 84-годишна возраст.