Фото: Влада

НАТО нема да ѝ диктира на Украина со какви услови треба да се согласи во преговорите со Русија, изјави Столтенберг по разговорот со американскиот претседател Џозеф Бајден.

– Верувам во политичкото раководство на Украина, тие треба да ги донесат тие тешки одлуки. Не треба да ги носиме или да имаме одлучувачко мислење што Украинците да прифатат, а што не. Мора да им помогнеме да го остварат правото на самоодбрана – рече тој.

Тој изјави дека конфликтите секогаш завршуваат со преговори, но тоа што се случува во текот на преговорите многу зависи од ситуацијата на теренот, на бојното поле.

– Треба да им помогнеме на Украинците да постигнат најдобар можен резултат во тој конфликт – изјави шефот на НАТО, пренесуваат медиумите.

Западните земји мора да се подготват за долготрајна војна на исцрпување во Украина, предупреди денеска во Вашингтон генералниот секретар на НАТО.

– Мораме да бидеме подготвени на долг рок. Затоа што она што го гледаме е дека оваа војна сега стана војна на исцрпување – порача Столтенберг.