Фото: Влада

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека е убеден дека руската воена операција во Украина не оди според планот.

Според него,Украина може да постигне победа против руските сили, бидејќи ситуацијата на бојното поле не оди како што планирала Москва.

– Руската војна во Украина не оди според планот на Москва. Не успеаја да го освојат Киев, беа принудени да се повлечат во и околу Харков, тие се во дефанзива во Донбас. Русија не ги постигнува своите стратешки цели-додаде тој.

И покрај се, додаде тој, желбите на рускиот претседател Владимир Путин не се остварија и Украина продолжува да се бори, а НАТО никогаш не бил посилен, додека САД и ЕУ никогаш не биле пообединети.