Фото: Пиксабеј

Повеќе од 18.000 случаи на ковид-19 се потврдени во Северна Кореја, објави денеска новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Корејската централна телеграфска агенција (ЦТАЦ).

Шест пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирус во Северна Кореја, се вели во извештајот.

Во четвртокот, ЦТАЦ објави дека подваријантата на омикрон, позната и како стелт омикрон, е откриена во Северна Кореја.

Во врска со ова беше свикан состанок на Политбирото на Централниот комитет на Корејската работничка партија, на кој присуствуваше и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун. Тој нареди воведување карантин во сите градови и окрузи во земјата.