Фото: Принтскрин

Спасувачите го извадија 5-годишното дете Рајан Аврам, кое пет дена беше заглавено во 32-метарски бунар на ридовите во близина на Шефшауен во Мароко.
Детето со амбулантно возило е однесено во болница. За сега нема информација за неговата здравствена состојба.

Работниците со механички копачи деноноќно се обидуваа да го спасат детето. Комплексната операција траеше со денови, а на местото на настанот се собраа илјадници луѓе. Стравот од лизгање на земјиштето ја направи спасувачката операција уште поопасна.

Фотографиите на мароканските медиуми, пред да биде изваден, покажуваа дека Рајан е стуткан на дното на неупотребуваниот бунар, кој се стеснува кон дното, спречувајќи ги спасувачите да се спуштат.
За животот на Рајан се молеше целиот свет.

Фото: Принтскрин