Советот на Европа денеска ја почна процедурата за суспендирање на членството на Русија во оваа органзиација, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година.

Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но во 2019 година беше вратена со целосните права на одлучување.