Фото: Принт-скрин

Руски авион вчера го нападнал Змискиот Остров, според Министерството за одбрана на Русија и украинските оружени сили, пренесува „Си-ен-ен“.

– В зори, Змискиот Остров беше нападнат со две ракети од воздух – соопшти украинската војска.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана истакна дека „режимот во Киев имал обид за симболично кревање на знамето на Змискиот Остров, наспроти воените неуспеси и повлекувањето на украинските трупи во Донбас“, како што пренесува РИА новости“.

Оној што го контролира Змискиот Остров, ќе владее и со Црното Море

Русите тврдат дека дел од украинскиот персонал на островот избегал, а дел бил уништен, додека украинската војска не спомена жртви во извештајот.

Од воената администрација на Одеса претходно наведоа оти било кренато украинското знаме на островот.

Руските сили го напуштија Змискиот Остров минатата недела, откако беше под нивна контрола уште од почетокот на воените дејствија во февруари. Руските позиции беа цел на напади од украинските сили во изминатите неколку недели.