Силната снежна бура, која во неделата започна во Америка, остави околу половина милион луѓе без струја на југоистокот на земјата, сега се движи кон источниот брег, додека Вашингтон и федералните служби полека се затвораат поради катастрофата, пишува „Форбс“.

Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување и предвидува дека во некои области ќе наврне снег од 20 до 30 сантиметри.

Снег се очекува да падне во Балтимор, Филаделфија, делови од Делавер, Мериленд, Њу Џерси и Вирџинија.

Државниот завод за човечки ресурси соопшти доцна синоќа дека федералните служби во главниот град денеска ќе бидат затворени, а на работниците кои не работат во итните служби ќе им биде дозволено да не доаѓаат на работа, но не и на работниците вработени во итните служби.

Неколку училишни области во Мериленд и Вирџинија се затворени поради снежното невреме, а државните училишта во Вашингтон денеска и утре ќе бидат затворени, како дел од големиот тест за Ковид-19, па отворањето се очекува дури во четврток.