Фото: Пиксабеј

Словачка и донираше на Украина моќен систем за противвоздушна одбрана С-300 како мала помош во одбраната од руската агресијa – изјави денеска словачкиот премиер Едуард Хегер.

Британските медиуми пренесуваат дека Украина секојдневно го повикува Западот да и донира од толку потребното оружје.

-Можам да потврдам дека Словачка донираше ракетен систем С-300, врз основа на нивното барање да им помогне во одбраната од агресијата – изјави Хегер, кој денеска се наоѓа во посета на Киев.

Системот С-300 е произведен во поранешниот СССР, а во оперативна употреба е и денеска.

Словачка следната недела од САД ќе добие четири противвоздушни ракетни системи „Патриот“, што ќе ги заменат системите за противракетна одбрана С-300 пренесени во Украина – изјави денеска словачкиот министер за одбрана Јарослав Над.

-Четирите системи „Патриот САМ“, од најновата модификација PAC 3, ќе ни обезбедат неспоредливо повисок степен на заштита од застарениот систем С-300 произведен во 1987 година. Зборуваме за недвосмислено зајакнување на одбранбените способности на Словачка, рече Над.