Фото: Федерална Влада на Германија

Русија го „загрозува меѓународниот поредок“ со војната во Украина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата во Мадрид на крајот од Самитот на лидерите на земјите-членки на НАТО.

– Преку својата агресивна политика, Русија повторно е закана за Европа и за Алијансата – рече Шолц, мислејќи на непријателствата со земјата за време на Студената војна.

Тој истакна дека како резултат на тоа НАТО ги зајакнува своите одбранбени способности, „особено во поглед на безбедноста на членките на алијансата на источното крило“, мислејќи на земјите кои граничат со Русија.