Северна Кореја тестираше новоразвиена хиперсонична ракета, која достигна трипати поголема брзина од звукот, или 3.000 км, и успешно ја погоди целта оддалечена 700 километри, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Користејќи нешто што изгледа како ракетен засилувач од варијантата „Хвасонг-12“, проектилот беше лансиран од Чаганг-До од страна на Академијата за одбранбени науки. Хиперсоничната боева глава се откачи од засилувачот и маневрираше околу 120 километри пред да ја погоди целта. Хиперсоничните проектили се дизајнирани да летаат пониско од конвенционалните балистички ракети за да избегнат радарско откривање, а патуваат со брзина повеќе од 3 маха и ја менуваат насоката за да ја избегнат противракетната одбрана.