Оваа недела Северна Кореја тестираше модернизирани крстаречки ракети со долг дострел и боеви глави на тактички наведувани ракети, објави севернокорејската државна агенција КЦНА, пренесува „Ројтерс“.

Во исто време, севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун посети фабрика за оружје која произведува „голем систем за оружје“, се вели во соопштението на КЦНА.
Во вторникот беше тестиран подобрен ракетен систем со долг дострел, а во четвртокот беше одржан уште еден тест за да се потврди моќта на конвенционалната боева глава на тактички управувана ракета, соопшти агенцијата.