Седум лица загинаа, меѓу кои две деца, кога торнадо помина низ поголемиот дел на Ајова, оштетувајќи згради и соборувајќи дрвја и далноводи – соопштија властите.

Официјални лица од округот Медисон соопштија дека четири лица се повредени, а шестмина загинале во налет на торнадо во областа југозападно од Де Мојн, вчера околу 16:30 часот. Загинале две деца и четворица возрасни. Во округот Лукас, официјални лица ја потврдија смртта на едно лице и неколкумина повредени.

Невремето со грмотевици што го предизвика торнадото вчера се движеше низ поголемиот дел од Ајова. Невремето предизвика штети во предградијата на Де Мојн во Норвалк, областите источно од Де Мојн и други региониво источна Ајова.

Оштетени се повеќе куќи, автомобили, блокирани патишта и искршени дрвја. Невремето во еден момент предизвика прекин на електричната енергија за околу 10.000 луѓе во областа Де Мојн.