Фото: Принт-скрин

Иран планира да ѝ подари на Русија оружени дронови среде војната со Украина, но САД развиваат технологија што би можела да му парира на таквото оружје, објавува „Њузвик“.

Белата куќа завчера објави дека верува оти Иран ќе ја снабди Русија со стотици беспилотни летала, вклучувајќи вооружени дронови, за да ги користи во оружениот конфликт во Украина. Ваквата информација беше објавена пред предвидената посета на американскиот претседател Џо Бајден на Израел и Саудиска Арабија, каде што се очекува да разговара и за иранската нуклеарна програма.

– Нашите информации индицираат дека иранската влада се подготвува за ја снабди Русија со стотици летала, вклучувајќи и вооружени, во скрорешен рок – кажа американскиот советник за безбедност Џејк Саливан, а пренесе „Асошиејтед прес“.

Но САД неодамна развија технологија во нивниот арсенал која би била способна да ги неутрализира дроновите, тврди „Њузвик“.

Според објава од „Дифенс пост“ од февруари, американските инженери развиле одбранбен систем што пружа подобри можности за детекција, идентификација и уништување на беспилотни летала како што се дроновите.

Станува збор за интегриран систем за воздушна одбрана опремен со радар од 360 степени, стингер ракети, тешки митралези и мултифункционални капацитети за борба против дронови, според пишувањето на „Дифенс пост“. Предвидено е системот годинава да биде тестиран и проценет, но се смета дека можел да донесе предност на фронтот.