Меѓународната организација за миграција (ИОМ), партнерската организација на ОН, проценува дека до средината на 2020 година биле регистрирани околу 280,6 милиони миграции меѓу државите на светско ниво.
Оваа бројка расте од година на година и претставува 3,6 отсто од светското население.
Според истражувањето на ИОМ, меѓу најпосакуваните земји за живот во светот на прво место се САД. Бројот на странски доселеници во земјата изнесуваше речиси 51 милион во 2020 година. Далеку на второто место на листата е Германија, каде што во истата година живееле 15,8 милиони доселеници.
Потоа зад неа следуваат Саудиска Арабија со (13,5 милиони), Русија со (11,6 милиони) и Обединетото Кралство со (9,4 милиони) доселеници.