Руските сили ја презедоа контролата врз нуклеарната централа во Чернобил, изјави  советник од украинскиот претседателски кабинет.

– Невозможно е да се каже дека нуклеарната централа во Чернобил е безбедна по тотално бесмислен напад од Русите. Ова е една од најсериозните закани во Европа денес – нагласи советникот Микаил Подолиак.

– Руските окупациски сили се обидуваат да ја заземат АЕЦ Чорнобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година – објави денеска украинскиот претседтел Володомир Зеленски на Твитер, нагласувајќчи дека таква порака му пратил на шведскиот премиер.

– Ова е објава на војна против цела Европа – наведе Зеленски.