Фото: ОН

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, денес така се обрати на состанокот на Советот за безбедност, нарекувајќи ги обвинувањата против руската војска „неосновани“ и нагласи дека тие не биле потврдени „од ниту еден очевидец“.

Небензја го нарече целото наводно злосторство „лаги“ и повтори дека украинската војска користи цивили како жив штит.

-Телата прикажани на фотографиите и видеата од Буча ги немало кога руската војска се повлекла – рече тој, тврдејќи дека има видео доказ за тоа, објави германската новинска агенција ДПА.

Тој обвини дека на власт во Украина се нацисти.

-Велат дека не може да има нацисти во Украина. За жал, тие се на власт таму – рече Небензја.