И пред избивањето на воениот конфликт, додека Русија имаше тензии во текот на целата измината година, благодарение на своите природни ресурси, според статистичките податоци, таа оствари трговски дефицит. Како што наведува Банката на Русија, извозот на сурова нафта се искачи на 32 милијарди долари во четвртиот квартал од 2021 година, што е највисоко ниво од 2014 година. Како резултат на зголемените цени на енергијата, вкупниот извоз на нафта и гас на земјата, вклучувајќи и нафтени производи и течен природен гас, надмина 240 милијарди долари минатата година, што е за 60 отсто повеќе од 150 милијарди долари во 2020 година, кога цените на енергијата паднаа на почетокот на пандемијата на ковид-19. Според бројките на руското министерство за финансии, за кои извести „Ројтерс“, цената на нафтата во просек изнесувала 69 долари за барел во 2021 година, за разлика од околу 40 долари во 2020 година. Просечната цена на природниот гас извезен од Русија достигна 277 долари за 1.000 кубни метри лани во третиот квартал.
Како што покажува следниот графикон, трговскиот суфицит на Русија се искачи на рекордно високо ниво од 67,6 милијарди долари во четвртиот квартал од 2021 година, и покрај фактот што увозот во земјата исто така достигна највисоко ниво од 2013 година. Русија е главен снабдувач на нафта и гас за Европската Унија (ЕУ). Трговскиот суфицит на ЕУ опадна поради зголемените цени на енергијата во последните месеци, бидејќи увозот на енергија од блокот се зголеми за повеќе од 70 отсто на 381 милијарда евра во 2021 година. Според „Евростат“, трговскиот дефицит на ЕУ со Русија се зголеми од 15,7 на 69,2 милијарди евра лани, бидејќи увозот на енергија од Русија порасна од 60 милијарди евра во 2020 година на 99 милијарди евра во 2021 година.