Руски хакери почнаа нов напад врз социјалните мрежи на странски лидери, со голема кампања за дезинформации, чија цел е да го легитимизираат нападот над Украина, соопшти британскиот Форин офис.

Според британското МНР, платените оперативци кои наводно делуваат од фабрика во Санкт Петербург, ја користат апликацијата Телеграм за да регрутираат и координираат поддржувачи, кои потоа ги преплавуваат социјалните мрежи со коментари за поддршка на рускиот претседател Владимир Путин и војната во Украина.

Лажни профили – таканаречени „фабрики за тролови“ – се пронајдени на осум платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок.

Цел на операцијата се политичари и јавни личности во многу земји, вклучително и Британија, Јужна Африка и Индија