Фото: УНХЦР/Архива

Руската војска вечерва најави дека утре ќе отвори хуманитарен коридор од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол. Коридорот ќе биде отворен три дена, соопшти руската армија, која наведува дека рутите ќе бидат отворени од 8 до 18 часот по московско време.

– Во тој период руските сили ќе ги прекинат воените активности и ќе ги повлечат своите сили на безбедно растојание – соопшти руската војска.

Украинските власти се уште не ја коментирале руската најава.

Попладнево руската и украинската страна меѓусебно се обвинуваа за тоа кој не го дозволува заминувањето на цивили од челичарницата. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Мариупол веќе бил во рацете на руските сили и дека тие го враќаат мирот во градот, што беше експресно демантирано од шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, кој рече дека Азовстал „се уште се држи“.