Фото: Пиксабеј

Руската филијала на Гугл објави дека има намера да поднесе барање за банкрот бидејќи не може да ги исполни своите финансиски обврски, се вели во материјалот објавен на веб-страницата на рускиот Единствен државен регистар на правни лица.

– Гугл ДОО, застапуван од извршниот директор Дејвид Мунро Снедон, со ова ја објавува својата намера да поднесе барање за несолвентност (банкрот) – пишува во документот.

Се додава дека компанијата од 22 март не може да ги исполнува финансиските обврски, вклучително и побарувањата за отпремнини и/или надоместоци на вработени кои работат или работеле со договори за вработување и навремена исплата на задолжителните исплати.