Фото: Принт-скрин

Мировниците на ОДКБ почнаа да ги предаваат стратешките објекти што ги чуваа во Казахстан на армијата и полицијата на републиката, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Во согласност со планот направен од колективните мировни сили ОДКБ и Министерството за одбрана на Република Казахстан, почна предавањето на објектите од општествено значење, чувани од мировници, на органите за спроведување на законот во земјата.

Како што се наведува, во тек е подготовка на воена техника и опрема за натоварување во авионите на руските воздухопловно-космички сили и нивно враќање во нивните бази. Враќањето на силите на ОДКБ во нивните земји ќе биде организирано во соработка со казахстанската страна.

Дека ситуацијата во Казахстан се стабилизира покажува и податокот дека црвеното ниво на терористичка закана е укинато во Нур Султан и во 13 други региони во републиката.

Вчера претседателот на Казахстан, Касим Јомарт Токаев, најави дека мировниот контингент на ОДКБ ќе почне со повлекување од земјата на 13 јануари.