Фото: Твитер/Министерство за одбрана на Украина

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили уништиле голема пратка оружје што Западот и го доставил на Украина.

-Ракетите со калибар со долг дострел „Калибр“ со висока прецизност, лансирани од морето, уништија голема пратка оружје и воена опрема-се наведува во соопштението.

Пратката била испорачана од САД и европските земји во близина на железничката станица Малин, во регионот Житомир, на северозападот од Украина, наведе руското МО.