Фото: Принт-скрин

Русија тврди дека нивната воена офанзива насочена кон украинскиот град Северодонецк во источна Украина „успешно се развива“.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека руските сили ја окупирале населбата Метолкине во источните предградија на Северодонецк.

– Офанзивата во правец на Северодонецк се развива успешно – рече Конашенков.

Тој додаде дека руските сили го погодиле командниот центар на украинската армија во регионот Днепро со крстосувачки ракети со долг дострел, при што загинале повеќе украински генерали и офицери.

– Како резултат на нападот, беа уништени повеќе од 50 генерали и офицери на вооружените сили на Украина, вклучително и Генералштабот, командата на трупната група Каховка, трупи за воздушен напад и формации кои дејствуваа во насока на Николаев и Запорожје – рече Конашенков.

Во тој момент имало работен состанок на командниот штаб на оперативно-стратешката група на воената група „Александрија“, појасни портпаролот.

Оваа информација не може да биде потврдена од независен извор.